еднаш (прил.) - и (чест.)

Еднаш и ти љубеше една јас... ми остави белег на усните кој ќе трае бесконечно...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сакаше еднаш и таа да ги потпече на тивок оган.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ВЕТА: (Без да го забележи слугата) Е, дали еднаш и јас ќе дочекам и мене вака да ми речат: „Добра ноќ“!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Сум бил јас, Луцијо, сум бил веќе еднаш и момче, и девојка, и грмушка, и риба што скока од водата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еднаш и јас сум ја пеела „Бандиера роса“15.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ќе погледне еднаш и Горачинов, дали ќе ме види како јас што го гледам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А секогаш, кога ќе се изнајдеа некаде повеќе луѓе, и кога сите тие ќе почнеа да прикажуваат за своите доживувања некогаш, некаде, тој место да раскажува за себе и за своите денови, им ги прераскажуваше ним оние романи, на тој начин одбегнувајќи ни тука да не остави нешто свое, откажувајќи се на тој начин уште еднаш и од својот живот и од својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се молел. Им нудел на коските дел топлина од својата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чанга добро знаеше дека татко ми мисли на Сталин, па затоа еднаш и му рече: „Ако треба до крај да се открие вистината за козите, ќе одам и кај Сталина! Козите морам да ги спасам!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Барем ќе знам дека еднаш и јас сѐ сум му нарекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дуковица ми кажуваше дека еднаш и јадел и пиел цигара. Ама тогаш многу се засркнал. Со чадот и трошки му залетнале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми дојде да му се изнавикам, сѐ да му наблискам. Пијан е, ќе си речам, и утре не ќе знае што сум му рекла. Барем ќе знам дека еднаш и јас сѐ сум му нарекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)