Уште долго ќе сакаш да бидеш
со нив
во кругот
ќе сакаш залудно
и ќе се прашуваш:
што во бесконечноста
што во атарот на загубата?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Потрча, затоа, по камионот и ја крена раката како да сака да го запре, возилото ли, неа, текот на времето, животот ли каков што дотогаш му беше даден, што брзо се оддалечуваше итајќи незапирливо во непозната насока, а потоа виде дека е залудно и застана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Спротивното е давањето отпор; а давањето отпор е само едно залудно и додатно страдање...! Секогаш кога влегува во ќелијата, Цви Корец чувствува олеснување.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како впрочем и тој, кога Готлиба го враќаа откај иследникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)