засекогаш (прил.) - ќе (чест.)

Таа е дојдена за друго, самовилска ќерка, таа е дојдена да ги земе Петревите лоши очи, тие очи во кои засекогаш ќе биде најубав нејзиниот лик, а нему ќе му остави пуста темнина во која ќе ја бара.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Холограм! Кажи ми нешто за Турскава чаршија која за инат засекогаш ќе ја нарекувам Турска, ко некаков мал јазичен пиетет кон Турците што ги истеравме пеесетите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Коле извади една плаката, што ја имаше стуткано в џеб и ја прочита: „Соопштение, Секој што ќе го фати жив или мртов Секула Секулов ќе биде награден со 1.000 марки, а неговата куќа засекогаш ќе биде земена под заштита на власта.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како што е добро познато од историјата на психоанализата, човечкото суштество во процесот на станување говорен субјект минува низ симболичка кастрација која воведува пречка, недостаток од нешто, поради што субјектот засекогаш ќе биде лишен од целовитоста која животните сѐ уште ја имаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Темниот гламур на нејзината френезија за нас беше амблем на возможна сатурналија - како визија за робови во улога на господари, за американските книги, филмови и слики и музика, сѐ заедно, одеднаш, во прекрасна збрка, вон секаква трезвеност и непорочност, лудило или симпатија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И колку, за среќа, таквата културна реконструкција, потребна светот да биде безбеден за Енди, била толку масивна и длабока (повеќеслојна) што, речиси ненамерно, тој направил и нешто за сите нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За некои од нас, многу, јас засекогаш ќе бидам негов должник, сепак ослободен од секаква грижа на совест, бидејќи Ворхол ниту живееше, ниту работеше, ниту страдаше, ниту умре за мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка добро знаеше дека, што и да бидеме во животот, каде и да втасаме, кој и да н прифати, ние засекогаш ќе останеме емигранти, ќе се лечиме од нашето емигрантство, исполнети со меланхолија и со носталгија кон неповратното минато...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Аполинер силно ќе зажали кога Коница ќе ја напуш­ти Европа и засекогаш ќе замине за Америка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тие денови, кога Мајка, често зборуваше дека покрај блиските ,,ни го зедоа и Бога”, го запрашав Татко: - Дали засекогаш ќе останеме без Бога?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа непопустливо однесување на болката ја поддржуваше нејзината верба дека еден ден засекогаш ќе се ослободи од неа, верба која, исто така, се потпираше на тоа што болката сосема неочекувано се појавуваше и не ѝ оставаше долготрајни траги.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А Винсент му рекол: “Тоа би било залудно, тагата засекогаш ќе трае.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми повторно ме посети неколку недели по карневалот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По неколку дена кога седнавме да појадуваме Ели праша: - Тета Вера засекогаш ќе биде наша?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Засекогаш ќе остане празнината во твоето срце за мене а во твојата глава ќе виси ликот мој како фотографија на бел ѕид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знае: со капакот на ковчегот засекогаш ќе му се скрие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зборови кои ќе допреа во длабините на нејзината страдална душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев свесен дека јас дипломатски засекогаш ќе се оддалечам од палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помеѓу Татко и Камилски постоеше џентлменска толерантност кога во дебатата секој од нив ќе се најдеше во омиленото и сакано подрачје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тешко ќе може да се допре до тајните на османските документи, тие засекогаш ќе останат во лавиринтите на времето, посебно во различните кадиски записи како сиџилите и во дефтерите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако ја слушнам твојата насмевка, засекогаш ќе си одам.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не се знае дал;и засекогаш ќе останеме во истава зграда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Малата Ервехе занесено слушала. Многу вистини засекогаш ќе ѝ се врежат во младата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Солун, малата Ервехе засекогаш ќе ја види и ќе ја научи лекцијата за тоа колку се луѓето на Балканот измешани, различни, неспокојни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Охрабрен од јасната поддршка на секретарот, тој продолжи: - Почитуван секретар, ако ние денес не го најдеме излезниот пат на јагулите, разгледувајќи го Проектот за изведба на насипите и хидроцентралите на нашата река, ние засекогаш ќе го запреме патот создаден уште во мугрите на животот на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го совладавме непријателот. Многу наши од Леринско, Воденско и Костурско засекогаш ќе останат тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Велиш: сè беше забележано и нацртано во тие планови како на дланка, а вие сепак за една тегла злато губевте и по неколку ноќи!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како ли се чувствуваат оние кои засекогаш ќе ја загубат надежта?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Што е со тие изгубени души кои на раскрсницата на животот засекогаш ќе го изгубат патот за да ја пронајдат смислата на своето постоење?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го загуби ја ли патот до дома, заборавија да бидат дел од светот, не припаѓаат некаде и некому, всушност тоа е и единствената причина зошто се плашиме од осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)