„Не одустанувате од својата игра и горди сте што имате свој медиум за да се убедите дека не сте без вредност?“ Отец Симеон зачудено ги дигна веѓите и се виде себеси во своите илјади облици, за миг испитувајќи дали овој црн тип со долги нозе му ја открива вистината.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само зачудено ги гледаше луѓето околу себеси и го милуваше своето мртво дете, како да не знаеше што станало со него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Пак некој ќе влезе. - Како тоа? зачудено ги дигна веѓите скоро до почетокот на косата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Татко, потем, зачудено ги погледна италијанското и грчкото знаме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Офицерите зачудено ги прошетаа погледите по патеката на камчето и вчудоневидено го погледнаа Шишмана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)