Ќе го фатеа, ќе го смиреа и ќе го прашаа што му се случи, зошто вика, а тој ќе речеше: - Не знам, така ми дојде нешто... - и ќе почнеше да се присетува дали го сонуваше тоа или така му се пристори дека наставникот со кредата со која пишуваше на таблата, во еден миг се сврте кон него, и престорувајќи се кредата во стрела, почна да го гаѓа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)