зошто (прил.) - сум (гл.)

Грета: А зошто сум ти потребна?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Два дена не јадам и не спијам заради тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш зошто сум овде во Маказар, моето родно место, на само половина километар од стариот пат Виа Игнација?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш јас му кажав зошто сум таква!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Иако веднаш претпоставив дека се работи за псевдоним ме копкаше прашањето зошто сум и јас (односно зошто станав) Monty Cantsin?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Зошто сум низок? Тато е висок. И мама е висока. А јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во подмладокот од нашето одделение се зачленија: Вики - таа е највисока од девојчињата, а од машките - Димче и Сашко - тие се редат на второ и трето место по фискултура.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама јас нејќам. Нејќам да се одвојам од другарите и да се здружувам со нови другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Добро... не можам да те присилам. Утре да дојдеш со родителот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Легнав помешечки. Лицето го нурнав во перницата: чиста, бела, мириса на „факс“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По ѓаволите, зошто сум низок!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другарите ме запрашуваа зошто сум бил кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лежев сосем неподвижен, небаре мртов и самиот си се сожалував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Така ли? Не знаеш или нејќеш да знаеш?“ се налути директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ја знам својата вина,“ рече, и гледаше во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И знам зошто сум казнет.” „Не си казнет,” реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Сношти ми рече, зошто сум легнала, вели, зошто не сум те чекала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Антице, дали знаеш, душо, зошто сум дојден?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако, вика, нека ме заколи, зошто сум жива.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А мене сега, кога станав повозрасен, веќе не ми е јасно зошто сум ги кажувал тие зборови, зошто сум се шегувал...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си заминуваше од ранчот Алтито, на крајот од тримесечната посета.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сестрите, пак, ме окривуваат зошто сум отишла во Кочани кај моите да се жалам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Зошто сум на овој свет!? Чувствувам дека неговата потреба од мене е огромна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Исто толку сум тажна и јас, а така е зошто сум човек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто сум овде? Од ништо да направам нешто, а не од нештото ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Барбут- бег ми објасни: - Ќе те продадеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
До немај- каде сличен на сардина во конзерва, сардина со глава и со мисла во главата, прашав зошто сум на колата и зошто сум врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Впрочем, сега подобро ќе разберете зошто сум дојден првин во Вашата книжарница во Париз, а потоа ќе одам и кај париските букинисти?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А ЗОШТО НЕ ДЕНЕС?! ЈАС: Зошто сум овде и зошто токму сега? Зошто не е утре и зошто не во Вегас?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Их, бре! Заборавив зошто сум дојден!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зошто сум... учител, господар, Џорџ Каплан?” - прашање што е својствено за Хичкоковата случка: созвучјето историја / хистерија (во изворникот: historija / histerija, заб. на прев.) е веќе завршна игра на зборови. Margina #21 [1995] | okno.mk 37
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш многумина се прашуваа, но никој не разбираше и дознаваше зошто сум се внел толку во јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И наеднаш се оддалечи, замина негде не само со поплаките туку и со гласот, и моите зборови повеќе не ја престигнуваа; ми се чинеше дека попусто ги арчам, дека попусто се трудам, па затоа и се чувствував заскитан сè додека не почувствував дека нејзиниот глас се враќа, дека дишењето ѝ се забрзува, а челото, до тој момент речиси суво, наеданаш се ороси со студена пот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент дури и праша зошто сум ја однел во градската мразарница, зарем не сум можел да изберам поадекватно место?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Немате слушнато зошто ме бараат? Зошто сум им потребен? - го прашав колку што е може повнимателно мојот потчинет Вртанов, а во врска со наредбатата на убавата Росана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто сум им потребен? За она, што обично се случува помеѓу нив двајцата јас сум им сосема непотребен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Можеш ли да сфатиш зошто сум бесна?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чудесен е овој небосвод, Низ него минам занесено, Ситен сум, со чело подведено, Стушен сум и тихоод. Зошто престанав да зборувам, Зошто сум тиок, занемен?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
- А ден пред Велигден помина селскиот кмет по сите куќи и рече: - На секој чардак на празник и по неделини да се вее грчкото знаме!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со никој од селаните не се поздрави зашто никој не го бранеше во судот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаеш ли зошто сум тука јас, а? Знаеш ли дека и тебе, поганецот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А јас, куттрата, дури и не можам книга да му пратам на Крсто мој во Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но каде брзам јас? Каде трчам! На нероден Петко му кројам капа. Зошто сум таква брзица?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А зошто сум баш јас, а не тој, што е погоден од зачудувачката сличност?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дојди без намера, дојди случајно, дојди без каење, зборовите не ги изговарај, мислите ги знаеме, копнежите се силни, чувствата се исти, угаси го светлото, привлечноста на телата веќе не опи, заведиме, посакајме, зошто сум страст и љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се сеќавам на тоа лето, на прошетките по брегот на медитеранот, на жешките денови кога во далечината освен синилото на морето, таму некаде се појавуваше и фатаморганата на тој совршен момент.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто сум ви да ме гледате?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не разбирам зошто сум тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како мислиш, зошто сум толку сигурен“ прашав, збунет од твоето прашање и изненаден дека можеме да се караме за сенешто и покрај тоа што ти не ни знаеше за што точно зборував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Колку што ние знаеме,“ рече ти „можеби доживеала свој триумф!“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 186
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти ме погледна како да беше тажно тоа што јас никогаш нема да сфатам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дотрчаа до мене и ме прашаа зошто сум исплашен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ВЕЛКОВ: Сигурно се прашувате зошто сум дојден. ПАНАЈОТИС: Да.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зошто сум толку глуп, професоре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАРАСКЕВА: Како зошто сум жива? Со кое право ме прашуваш тоа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Еех, од кога сум, а зошто сум?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По педесет години, документите застарени, архивите отворени, ќе се знае зошто сум заклан.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Знаеш зошто сум затворен во лудница? НОВЕ: Не.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Добро сум. Не знам зошто сум ваков.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На тетка Данче ѝ објаснив зошто сум дојден и таа ми вети дека сѐ ќе биде во ред.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога му кажав зошто сум дојден, го пушти Килета, ама не пропушти да ми рече: - Мајка ти да не знае поубаво од мене да му ја измие главата?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога виде таа што сум направила, почна да ми вика зошто сум го расипала подот и ме збркна околу куќи, но не можеше да ме фати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури се чудев зошто сум толку загрижена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сестрите и родителите ме убедуваа да седам таму зошто сум била на сигурно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме прашуваа дали ми е добро зошто сум се вратила, и безброј такви директни прашања кои бараа детално објаснение, во мигови кога човек сака да се затвори во собата и да ја чита својата омилена книга.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знам, ѓаволот постојано тропа и на моите порти, зошто сум од крв и месо како сите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не му беше јасно зошто е така најдобро и зошто сум толку радосна токму поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па бато, може ли да заборавил да зборува на нашиот јазик?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кој? – се изненади. - Како кој? Заборави зошто сум тажна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)