зошто (прил.) - сиот (зам.)

ЛУКОВ: Зошто сето тоа? Зар сиве овие години јас малку сум сторил за тебе? И до кога?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште еднаш, барем уште еднаш, зошто времето застана за миг... зошто сето ова е само СОН....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мајко, зошто сето ова со тебе, со нас и со тато мораше вака да биде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И којзнае зошто сето тоа ме враќа кон нешто поминато и познато.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не е голема и не е на најдобро место - вели понекогаш татко ми, но јас не разбирам зошто сето тоа би било многу важно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)