зошто (прил.) - сите (зам.)

Јас и ти бевме во ресторан на вечера со пријателите, беше задушливо зошто сите пушевме и пиевме алкохол.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- А зошто сите зла му ги остава на светот, вели Дуко Вендија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби така мислела зошто сите мои бивши се слаби, ама да знаеш, ако беше тоа причината, јас ќе ти кажев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бугарија до сегашното востание немаше политички опит за решението на македонското прашање, ете зошто сите маневри да се реши тоа излегоа јалови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)