зошто (прил.) - сѐ (зам.)

Малку потоа: „Ти Влав, јас Евреин? Мил ибн Тајко, зошто сѐ мора да се именува?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Задоволство во кое најверојатно ја докажувам моќта за деструкција, зошто сѐ што сакав се распаѓаше во допир со стварноста и неминовно почнав да верувам во подносливоста на репресијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Би можела да те бакнам како тогаш и онаму во аголот... зошто сѐ се троши само бакнежот останува на моите усни...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)