зошто (прил.) - луѓе (имн.)

Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стравот е посилно чувство од надежта, сомнежот ја нагризува свеста зошто луѓето ја изгубија и се отуѓија од верата, а и заборавија дека љубовта е причина за сѐ.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ми се смачува. Зошто луѓето не сакаат да ми признаат дека сум жив!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
НЕЧУЈНО ЧЕКОРЕЊЕ СОВРШЕНО ЛЕСНО, ДУРИ И ОВА НЕПОДНОСЛИВО ПОСТОЕЊЕ ДОБИ СВОЈА ФОРМА...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)