зошто (прил.) - тетка (имн.)

Бидејќи овие приказни ги имав слушано уште многу одамна, не бев сигурен зошто тетка Марија ја викале „смрдлива“ - дали поради тоа што смрдела или поради тоа што општо била нечиста - не знам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вале е наставник по клавир во Музичкото училиште и ја сметаат за многу строга, оти барала од учениците да свират без грешка, а Мила тврди дека нејзе не само што не ѝ попушта туку со неа е најстрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Болките и тегобите беа слични на тие што сум ги доживеал кога два пати во животот сум морал да земам лаксатив, само што овде олеснувањето не одеше толку брзо и толку лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не сфаќав зошто тетка Вале често ѝ свикува за време на вежбањето дека греши, кога јас никаква грешка не забележував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)