зошто (прил.) - досега (прил.)

Кои му се, тогаш, неговите родители и зошто досега не го побарале...?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Интересен ќе биде овој настан, зошто досега така се нема видено во градов. Луѓе живи ќе се печат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чана, уште пред да чуе каде нашла Пелагија одајка, светнувајќи со лицето како месечина, продолжува Ми д знјш мори сестро коуку ми е мило, тука не са устанува диљми нови Игејци ки дојдат, ет и ниа су Митра и Дончито ки ојме у тиа катоите на ступанството, така ми риче то бригадирут ама нејќак да бегме и да те уставиме сама, е се и на мен ми улисна на душта, тка д знјш! и тука, на ова место, Пелагија се приближува до неа, ја преграбува нејзината едра снага и стискајќи си ја својата глава во нејзината, во Чанината, проговорува со тивок глас Ох, пуста мори сестро, зошто досега да не си заминете?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)