зошто (прил.) - толку (прил.)

Ме прекорија: Зошто толку пепел Зошто толку леден прав?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
„Зошто, синко!? Зошто толку лесно наседнуваш?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа беше војводата Петре Адев од село Ореовец, Прилепско, бивш учител и организатор, потомок на Ацета Симоновски убиен од турските зулумџии, и брат на Мирчета и Гога Ацеви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто толку се плашите од него? Неоти тој не е од месо и коски?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сам се утеши: „Да не веруваш! Пак којзнае!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Купи и конзерви со сребрена боја и со неа избои сѐ, вклучувајќи ја и ВЦ шолјата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше вистинско време за сребрени мисли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам зошто толку го сакаше среброто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во меѓувреме и Евдо се врати од својот вир со една пастрмка до неговиот лакот и колку чепорокот на Геро, така што Ване мораше да одмери: - Па добро, Геро, зошто толку нè гонеше додека снимавме?  - Како мислиш, сум ве гонел?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ден-денес мислам дека и партијата на Луција многу личеше на еден таков обред, и јас дури подоцна, размислувајќи за тоа, сфатив зошто толку многу Луција инсистираше крајот на приредбата да биде токму тој обред, а не некоја џез или балетска точка, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа пронигба, сега верувам, не само што претставува теориски пресврт туку и објаснува зошто толку голем број културни практики што се карактеристични за машката хомосексуалност зафаќаат повеќе од само подрачјето на геј-сексот – било да се работи за пеење фалсет или за цветни аранжмани, за обожавање диви или за внатрешно уредување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, се работи за понеопределива, но сепак многу конкретна, димензија на педерството: што и да е баш она што ќе објасни зошто толку многу контратенори се геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бери Адам, социолог и еден од изумителите на лезбејските/геј/квир-студии, вака ја срочил поентава: Сега сме во период кога различноста е главната точка на дневниот ред, а квир правоверноста не дозволува потрага по заедничност и нејзино претполагање сега откако за заедничноста што ја воспоставиле геј/лезбијските идентитети се обелоденило дека, всушност, никогаш не ни постоела (што е и причината поради која квир-теоријата никогаш нема да може да објасни зошто толку многу жени и мажи и покрај тоа одново и одново потврдуваат идентитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што мислиш, зошто толку сакам пари?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да го обрне вниманието на главната точка на работата, тој почна да го распрашува Акакиј Акакиевич: а зошто толку доцна се враќал, да не наминувал и да не посетил тој случајно некоја непристојна куќа, така што Акакиј Акакиевич сосема се засрами и излезе од него и самиот не знаејќи дали прашањето околу шинелот ќе си го добие потребниот тек на работите или не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зошто толку брзо ми здосадува сѐ!? Ќе полудам од овој немир.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Каде одеше, зошто толку се кршеше, никој не знаеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ете зошто толку рано побрзав кај Трифун Трифуноски, што порано сакав да му ја откријам својата голема тајна. Своето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Долго во ноќта размислуваше зошто толку многу јаничари имаше регрутирано токму од неговиот по број можеби најмал народ на Балканот во споредба со другите народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа стоеше пред него исправена, со насмевка на лицето малку иронична, како да се прашува зошто толку бавно реагира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нормално, животот е таков каков што е, не може сите да умреме во еден ден, но зошто толку се мачеше и како ли ти беше на душата кога знаеше од што боледуваш?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се прашував зошто толку многу работиш?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И ете, тука, една скриена мисла, најскриена мисла ја пронижуваше, како струја, право во срцето - зошто толку долго време, Хелвиг не сакаше таа да забремени?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Никој досега не станал гробник... - Зошто толку брзаш татко... Зошто губиш кураж...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откај дојдоа и зошто толку многу, никој во градот не можеше да си објасни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие зборови Анѓа и ја открија целата тајна зошто толку многу таа го сакала Стојана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со нив му стануваше јасно зошто толку многу се намножуваа границите на Балканот, по падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како сите станавме толку послушни? Зошто толку ги земавме работите здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто повеќето од нас се чини веруваат само на она што им е кажано од оние на кои им веруваат, и речиси ништо друго?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах, татко, татко, зошто толку лошо ме колна за да дојдам во оваа пустелија! "
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За жал Седларски во својот научен труд не го спомна непосредниот повод: зошто толку долго го одложувал објавувањето на своите интересни наоди (како што истакна и самиот: пред десетина ако не и пред повеќе години тој се сретнал за првпат со записите на монахот), и зошто наеднаш, (да го избегнеме овојпат стереотипот прекутрупа) и без никаква претходна најава, (што може да се потврди и со задоцнетото пријавување на овој труд кај организаторот на семинарот), сепак одлучил да истапи јавно пред научниот собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ете зошто толку се дереше...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А знаете ли зошто толку долго чекаат? Не! - се разнесе како блеење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зошто толку ја растегна приказната? Си се распишал како да е книжевно списание.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Инаку зошто толку ведро би трчал кон Зоки кога овој секое утро ќе ја подаде главата низ таванската врата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па тогаш, зошто толку се загрижение за кравата: Тоа го знаат само Стевчо и Иван.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Како и да е, толпата ме носи во водата и ме буткаат подвода, а јас си мислам, толку, сега ќе се удавам, но успевам да си го задржам здивот подолго од што е возможно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И така, ти одиш по сенф и јас се прашувам зошто толку долго те нема; тогаш една жена почнува да вика дека се удавило дете и толпата навалува кон водата понесувајќи ме и мене со нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Слично е како кога бев малечка и се изгубив на плажата, испаничена лутајќи низ таа шума на влакнести нозе и набрекнати препони, плачејќи по мајка ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми е чудно зошто толку сум рамнодушна во сонот, а најаве не сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И мислат на овој непознат маж, кој сега лежи ничкум свиткан во трапот и се прашуваат зошто ли толку упорно и страстно тој посакал да влезе во душата на старичката и зошто толку многу посакал да ги почувствува сите нејзини некогашни радости и да јa разбере нејзината болка, кога тука, наоколу, толку свирепо надвладеа омразата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега, на крајот, ми стануваше појасно зошто толку многу ги читале (!) моите текстови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Загубив вчера ден, загубив и денес час, па сега не знам зошто толку сум тажен јас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЈАКОВ: Сега кажи драг колега зошто толку се пикаше до мене кога студиравме. Кажи душо. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Но, мораш да ми кажеш зошто толку многу ти се допадна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не разбирав зошто толку многу тормозеше со тоа учење, кога и јас и Саше ги имаме сите петки.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едно време таа дојде од некаде и ми рече: Миле, зошто толку плачеш, јас ѝ реков грубо – за ништо, а таа седна до мене и ме натера да ѝ кажам зошто плачам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Најпосле, зошто толку многу сум преокупиран со Гаково!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Баш и не ми е јасно зошто толку ја радуваше таа констатација, но ете, се случува сешто по народот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знам зошто толку го сожалував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знам зошто толку многу ме мразеше, а истовремено велеше дека ме сака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)