Дојде јули, веќе зрело лето. Тревите на ридот зад куќата и во подножјето на планината отспротива, беа веќе суви.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Жолтото, топло, зрело лето! Од чудесно, почудесно! Мравките запејаа, заиграа - ела та гледај!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)