Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)