Од негова уста, тоа баш и не било комплимент.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи е, како што е, постојано место на мелодрама, семејството практично налага да го гледаме од иронично гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, впрочем, еден ироничен однос, т. е. односот кон драмата на гледач што е истовремено и внесен во неа и оттргнат од неа – во случајов, особениот однос на геј-гледачот кон женската мелодрама – може да биде најдобрата, можеби најдобрата возможна одбрана од задушната емоционална клаустрофобија на семејниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што напиша Ричард Дајер во 1977 година: „Цели ноќи имало расправии за тоа што е, всушност, кампот и што значи“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ е токму она што другарите на Вито Русо можеби ќе му го речеле онаму кога, речиси со смртна воздишка, некако смогнал сила да го прекори градоначалникот Динкинс.
Токму поради тоа што ваквите идентификации зависат од настраноста на геј-мажите што ги вршат, а не од стварниот родов и сексуален идентитет на жените со кои тие геј-мажи се идентификуваат – а и токму бидејќи таквите настрани идентификации, затоа, не претпоставуваат однос на идентитет со лезбејките и со феминистките со кои некои геј-мажи сакаат да прават коалиции – ете токму затоа таквите настрани идентификации можат да станат поаѓалиште за ново договарање на политичките соработки меѓу различно поставените групи и со тоа можат да водат, според Кримп, до „ширење на сојузите, наместо до зголемување на спротивставеностите“.325 На тој начин, можеби, и би можело да се оди подалеку од само претпоставката или „мечтата за коалиција... (што) ги заобиколува процесите и практиките што би ја овозможиле таквата коалиција“.326
Тоа е она што сакам да го кажам за политичките употреби на Џоан Крафорд, а и поопшто на мелодрамата на жените, од страна на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дајер спомнува два вариетета на кампот, со кои се опфаќаат два главни примера: „кампчење, фрцкање и пискање, и извесен вкус за уметност и за забава, одреден сензибилитет“.226 Она што им е заедничко на обата примера е отуѓеното, иронично гледиште на општествено заверените (или „сериозни“) вредности што веќе ги разгледавме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Делото на целата машка геј-културна политика може да се сумира со една, едноставна формула: трагедијата да се претвора во мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А како што одминува времето, некои жени може и да си дозволат да се подучуваат за динамиката на гледачката иронија и за играта на идентификациите/деидентификациите преку гледачките практики на геј-мажите, кои од неодамна станале толку пробивни и толку нашироко привлечни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Историската функција на машката геј-култура била – а нејзината тековна политичка задача и понатаму е – да се искове иронично гледиште кон сцените на задолжителна, општествено заверена и наметната изведба, да се тргнат од оптек наводно автентичните општествени идентитети и да им се врати статусот на упорно и приглупаво преповторувани улоги.
Хегел еднаш рекол, во попатна забелешка, дека жените (die Weiblichkeit) се вечната иронија на заедницата (die ewige Ironie des Gemeinwesens)327.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)