истовремен (прил.) - во (предл.)

Таквата заедница секогаш е во надоаѓање, во значаен однос е со единственоста на настаните, со она што доаѓа (значи) „не дошло“. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 37 4
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш станува збор за отвор, истовремено во смисла на незатворен систем, за отвор препуштен на сло­бодата на другиот, но исто така и за отвор, понуда или повик за правење кон другиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си го слушав својот глас и истовремено во себе се прашував дали да не ми се случеше да се заљубам во Оливие сеуште ќе ја продолжев мојата врска со Филип.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како што ова си го реков така тоа ми поделува толку многу утешно што истовремено во очај и преплашеност се сетив: не, ова не минува со презаспивање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неговата сушност е содржана истовремено во чинот и во значењето на тој (нов) чин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но истовремено во градите потчувствува стрежење од некој страв: неговиот „швалерски“ неуспех би му ги затворил вратите на оваа за него толку важна институција за неодредено долго време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И наспроти чувството на недофатлива празнина, сè уште се насетува по некоја потајна истовремено во карактеристичниот гест, движење или во говорот кај другиот, што само ја потенцира дистанцата меѓу некогашното и сегашното.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па ние се знаеме речиси од моето доаѓање тука, во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Основно училиште завршил со одличен успех во родното селце, учел и истовремено во сите работи им помагал на сиромашките родители.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе споменеме уште дека во тој условно наречен небесен простор поетот има среќа да живее истовремено во повеќе времиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)