ко (прил.) - пергел (имн.)

го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Так, так, вели, а јас се вртам ко пергил, што се вели, го потфрлам газот назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)