Зар некаков демон кон пропаста стрмна нѐ турна. Браќата мои под ридон ко рибите насуво тогаш во борбата бурна, да се прпелкаат видов.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сега јас сум ко риба во мрежа, претам, ама на едно место.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
7. ДОБРИТЕ ЗБОРОВИ ОТВОРААТ ЗЛАТНА ВРАТА - сите, ко риби на суво, си раздвижуваме усти, но која ли врата денес, уште и да е златна, добар збор ја отвора, а не клучовни мустри...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ете го, оздола, Доксим Тренчески и оди по гумната, по вравовите и раскажува: - Чув, вели Доксим Тренчески, дека војниците умирале ко риби во пресушена река.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се брише и се тресе ко риба во мрестење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)