Потоа македонската поговорка: Кога мажот ѝ се лути на жената, инаетот го тера на децата!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски кажуваше и други поговорки, фразеолошки синтагми, повеќето со хуморен ефект, но коишто јасно го оцртуваа јадрото на значењето на балканскиот инает во сите негови варијанти кај различни народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не знаеше дека, кога мажот се жени, дозволува во неговата внатрешна доблест, другото битие да биде можен инструмент на повреда на таа доблест.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)