Ми раскажуваше колку имала желба да стане пејачка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секој, освен можеби месечарите, наполно би се изгубил.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Ами жени колку имал, знаеш ли?“ „Колку, бре? Само Дуња Ѓузели ја сакал!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Еве вака: знаеш колку имаш да ми даваш. Еве го сенетот. (Вади од џеб хартија.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не знаеме ни што време е, ни уште колку имаме ние.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку има за ова овде, колку преговори да нѐ прелажат, колку примки, мамки и замки, што се вели, ама, ајде...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најпрвин таа почна со претреси по куќите: го собра скриеното оружје, а потоа се зафати со евиденција: колку жители има селото; како се чувствуваат: Срби, Бугари, Грци, Македонци; колку има: слепи, глуви, сакати, неми, мрднати.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И колку такви покраини има на овој божји свет? Колку ли диви реки без украс и убавина?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто, луѓето и не можат да насетат колку има моќни и големи луѓе кои така, молчејќи и невидливо, а брзо, умираат во себе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И отидовме: ќе ја земеме Велика. Ама сватовите се опијанија и заборавија колку има, колку нема, што им треба, и што не им треба.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)