лесно (прил.) - бев (гл.)

Костадин постојано ја задеваше дека таа сега им е мајка на децата, ама лесно беше да им биде мајка покрај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека госпоѓа Мариела ѝ ја раскажуваше приказната за младата актерка во филмот “Ден повеќе”, Ема со левата рака ѝ ја стегаше десната на својата пријателка која лесно беше положена во нејзиниот скут, а својата десна рака во благо движење и ја спушташе на нејзиното лево рамо, гледајќи ја цело време в очи со пријателски чувства кои во мигот се вплотија во она што следуваше потоа: забите на Ема ѝ блеснаа и тој блесок имаше исто значење со она што се слушна од нејзината уста: “Ти си срце”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)