лесно (прил.) - ги (зам.)

Заборавот лесно ги прекри со својот неумолив превез нивните кревки и неубедливи дела.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко лесно ги читаше Мајкините мисли во тишината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одеше, така, безволно во Архивот, колку да не биде засекогаш прекинат контактот со сиџилите, особено во времето кога насетуваше дека лесно ги открива нивните клучеви и кога се наоѓаше пред откривањето на големите тајни на балканската историја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ами кај крше глава сега овде бре, шо ќе направе, бре, ќе го изгоре селото, в реката да појде да не се врате!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од каде таа знае дека било страшно, и колку лесно ги изговара сите тие зборови: комунизам, транзиција, посткомунизам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Циљка наведна глава, го потфати стапчето и почна да чешка во огнот; ги подбира недогорените суварки, лесно ги подига и ги фрла врз жарта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нивните деца најчесто ќе ги забележите во дел од скопската шема како снопчиња кои ги лесно ги трошат „тешко спечалените пари” од своите родители.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, старчето е страшно живо, и денес, пет години отпосле, сосема јасно го гледам како поднаведнато стои до мене, за разлика од оние тогаш толку присутни, кои постојано ме прашуваа: „Quand viens-tu a Paris?“, а чии зборови и имиња сега толку лесно ги мешам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За овие неколку месеци заеднички живот, ваквите мозочни екскурзии на својата внука лесно ги препознаваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ разните симболи лесно ги препознавав епизодите од моите судири со водичите – конзерватори, посебно во Атеистичкиот музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Навикнат на фактот дека кај нас - а така е и на сите други страни - авторите премногу лесно ги освојуваат сите можни жанрови, веста ја примив повеќе од скепса одошто со љубопитство.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Внимавај, на царот многу бргу му досадуват ваквите како тебе, кои лесно ги манипулира.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Александар со горчина констатираше дека неговиот татко е типичен пример за тоа како режимот на Стојан релативно лесно ги решава проблемите со своите противници...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како лесно ги искачува стрмите ѕидови, и озгора, залепен на сводот, му се насмевнува на светот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Следниот чекор, со оглед на тоа дека лесно ги губам важните работи, беше да си најдам футрола за очилата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Современиците го знаат како човек кој лесно ги трошел парите (и за лично задоволство, но и за други потреби), но и кој умеел на разни начини да ги набави.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Постоја малку и со погледот лесно ги изнајде неколкуте шпели, за кои знаеше на таа угорница, некаде на нејзината горна половина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не случајно ми има речено дека ми верува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прилично лесно ги прифати моите предлози.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако некој ви ласка, длабоко се сомневате дека ги заслужувате неговите ласки и лесно ги отфрлате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една поткултура не е исто што и една култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие зависат од веќе постојните културни облици, кои им даваат општествен авторитет и заштитна камуфлажа, па нив главнотековната култура лесно ги запоседнува, но претставуваат и значајни дострели на настраниот израз и животворни извори за обликување и за разработка на геј-идентитетот – речиси библии на геј-постоењето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не беше ли точно дека почна да стреми кон екстравагантен живот што го одвојуваше од мноштвото на неговото скромно и сиромашно стадо?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се присети дека со женската интуиција лесно ги насети опасностите и стапиците и се обиде да му укаже на пропустите и на грешките. Залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дотолку повеќе што водите на Леманското Езеро што овде ги забележувам секој ден, лесно ги упатуваат моите мисли кон Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Балканот, лесно ги препознавав националистичките екстремизми, зајакнати од доgматскиот радикализам како симптоми на колективна и на индивидуална болест која орфаќаше многу луѓе, делови од народ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Што е работава? - прашува Баге грубо, налутено, надевајќи се дека е во прашање нешто женско, што лесно ги измамува нивните солзи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ете, добри мои, така разговараа една малечка Тања и нејзината мајка, а јас слушнав и си мислев како таа Тања е растурливо девојче, како не знае да штеди и како лесно, лесно ги расфрлала парите што ѝ ги дала мајка ѝ.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Теоријата, дотогаш, била оној поглед на свет со кој лесно ги осознавале непроменливите форми.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние лесно ги препознавме истите хартии од последниот попис на семејството, па тоа брзо нѐ смири.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле стигнавме до бунарот. Беше покриен со четири подебели штици и камуфлиран со зеленило. Лесно ги отстранивме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бистар и природно умен, Чанга лесно ги научи „малкуте букви”, како што му велеше на шега на татка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)