лошо (прил.) - расположен (прид.)

Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Девојката не дојде и Даниел стана лошо расположен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Море, губи се оттука – ќе ми свика тој и, ако е лошо расположен, дури и ќе ме истурка со раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)