лошо (прил.) - ќе (чест.)

Но, знам дека Александар нема да ме удри со топката затоа што тоа лошо ќе изгледа за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И ништо не би почнале кога би знаеле дека лошо ќе заврши, рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кажа ли – сѐ ќе расипеш и на деда ти лошо ќе му направиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Врати се во торбата, зар можеш да ме налутиш па лошо ќе поминеш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Знаеш - продолжи несреќниот командант - во нашиот речник за сѐ што лошо ќе ни направи противникот, прв збор ни е - одмазда...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо ти - ми подвикнуваше даскалот - е тврдоглав и неумен човек. И затоа лошо ќе заврши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)