Па ете, имало господ и за мене. И малку ми е сега едно па: ако дојде баце!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толку ми требваше, ама сосема малку ми требваше да размислам за да ми текне...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Главата по малку ми се матеше поради неколкуте џина кои ги испив, па излеговме малку на воздух.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Малку ми се чинеше без врска повторно да ги ставам неговите родители на трошок, меѓутоа сфатив дека се работи за нешто важно и затоа го прифатив предлогот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Успеав некако да се соземам, иако малку ми се вратија емоциите кои после еден месец се чинеа толку далечни.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ништо не ми е, така… малку ми се слоши, но сега помина… Надвор е тивко?
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Браво, уште ова требаше. Малку ми беа мозочни кризи, па сега треба да се справам со љубомора.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Мил брате, како сте, шо прајте. Одамна не си ми пишал, па зато малку ми недостасувате. Јас сум добар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се колнам себеси и малку ми е: ја барам најлошата клетва.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тајната е во тоа што откако пребледев, премалев и три пати си ги истурив цревата од повраќање, по ладните облоги кои малку ми ја вратија силата, решив да доручкувам, а тогаш беше 13:00 часот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не дека очекувам дека ја знаете Геделовата Теорема за Некомплетноста, од А до Ш и наназад, но...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Да признаам, малку ми е чудно што мислите така...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)