Шумата околу него, пак, крцкаше со некои свои звуци на невидливи ситни животинки што скокаа низ гранките на боровите и со повременото осамено цврчење на понекоја птица што не заминала на југ. („Ако сите тие приказни за птиците што масовно заминуваaт на југ се вистинити“, си помисли.) Како градско дете, се сети, тој секогаш со голема скепса слушаше за природните процеси, движења и појави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)