милослив (прил.) - поинаков (прид.)

За овие дечки се вели дека живеат во бодар нов свет на прифатеност и слобода, милосливо поинаков од оној затвор на угнетеноста, од оној „кафез на исклученоста“ (иако „позлатен... со величествени украси“), кој го знаеле нивните претходници.142 Ако сакате да измерите колку добро помладите геј-мажи денес се асимилираат во поширокото американско општество, треба само да видите – или така барем тврдат застапниците на овој став – колку тие момци се неуки за геј-културата, колку се рамнодушни кон неа, колку малку им треба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)