ПАРИЗ - ВО 2000-ТА ГОДИНА ПАРИЗ е град создаден од многу градови кои, со тек на времето, додека се ширел се сврзале еден со друг.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)