Тогаш на многу жени им дојде менструацијата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По Христа оделе многу луѓе, меѓу нив имало и многу жени што плачеле за Него.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кога ќе имаше некоја потреба сите во селото знаеја дека таа меси убав леб и многу жени доаѓаа да гледаат како го меси.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Му завидуваа на имиџот на секретаријатот, кој важеше за место во кое што работат многу жени.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Знаев дека зад себе држи два пропаднати брака и врски со многу, многу жени. Македонскиот Казанова.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Така, за многу жени може да се каже дека имаат нос за мажи, како што и за многу мажи дека имаат нос за жени.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)