Како резултат на лошиот раководен процес и лошото планирање, често и речиси редовно се случуваше да се остане и по неколку часа повеќе од полното работното време, а за ова прекувремено работење работниците воопшто не беа платени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се разбира, при еден ваков зафат неминовни се многу ризици, жртви.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Акварел
Земаш вода, боја, четка
ризик, многу ризик
плус страст, вишок страст
отаде доброто и злото
еден нескротлив гест
и
зафаќаш со еден потег
цел несогледлив амбис
окно под свеста, под себеси
го повлекуваш пругоре вовреното црево
го вадиш од дното на сликата
без право на дополнителен влог
без шанса за поправен испит
или прошка
и
го овоплотуваш змејот
прекрасното чудовиште
заумната фигура!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)