Тие може и би се согласиле да е тетовскиот говор многу близок со бугарскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие се познати и блиски, многу блиски.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Отидов во спалната каде што татко ми по ручекот го читаше весникот и го побарав расказот на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тие двете се многу блиски и сѐ си кажуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За сефте и добредојде, ме однесоа кај некои непознати луѓе (сега многу блиски пријатели).
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Чудно, толку многу блиски, си мисли Пелагија, а сепак разделувањето како да ни ги затвора срцата, освен овие километар два како да има и нешто невидливо што ни ја расипува взаимната доверба. Го чувствува ли истото и Чана?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По срдечноста на поздравувањето и тапкањето по рамо, сфативме дека добро се познаваат или се многу блиски.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Непознатите, кои ни станаа многу блиски, платија и излегоа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Додека шетам по Пасажот опседната сум од помислата дека поминувам низ сенките на луѓето што ми беа многу блиски а едно утро наеднаш исчезнаа, ги снема.. Мислам на моите Евреи..
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Додека живееше овде, неколку месеци од далечната 1947 и 48 година ги поминавме како многу блиски пријатели.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)