Навистина е така, но не треба да се чудите зашто нашите браќа Бугари се собраа и од многумина кои беа дојдени избраа 32 најистакнати и за да не ги излагаат на големи трошоци општините решија секој од нив да претставува од 3 до 5 општини.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во секој случај, уметноста поттикната со дроги не е автентична и спонтана форма на уметност и при тоа не треба да занемариме уште еден факт: дека меѓу уметниците има многумина кои се премногу слаби за такви психички авантури, со оглед на своите личности и општествената неускладеност, без оглед на талентот кој го поседуваат, поради секогаш присутниот ризик да лизнат во лудило.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Познаваше Јана многумина кои зад себе имаа и академски титули, но во обичниот разговор беа „боси“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Овие забелешки откриваат длабочина на чувството за кое ние се сомневаме дека мотивира голем дел од негативните реакции кон AI идејата за умот како компјутер, што се покажува вознемирувачко за многумина кои се сосема помирени со нотацијата на телото како биохемиски механизам.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога започнав сам да си го вадам лебчето, почнав да гледам еден, друг, многумина кои некогаш во социјализмот, а и денес во транзицијата, „зорле“ работат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Имаше многумина кои помислија дека јажињата ќе ги употребат, не дај боже, за бесење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Знам многумина кои заминаа по патот што не го избраа самите, па сепак не ги изеде несреќата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Работата на (индустриските) машини на малкумина, обезбедуваат просперитет на многумината кои остануваат дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)