многупати (прил.) - ќе (чест.)

И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многупати ќе го фрлеше догорчето од цигарата, а, ако се наведнеш да го земеш, ќе ти ги подгази прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И многупати ќе се случеше да ни напишат некоја порака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ќе ѝ речам: ти, Струмо, имаш нешто украдено од Егејско Море.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ќе ми дојде за здравата нога да се фатам, мислејќи дека таа ме боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)