Атентатите биле дело на гемиџиите - мала група, составена главно од младинци што се надевале дека преку еден голем подвиг против европските претпријатија во Македонија ќе ги принудат големите европски сили да се погрижат за давањето автономија на Македонија, за што, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, биле морално задолжени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Еве како Шатев го објаснува тој вистински интересен гест на Орце: Не само Орце Попјорданов, туку повеќето од гемиџиите се чувствувале морално задолжени кон Борис Сарафов, поради олеснувањата што ни ги правеше во материјален поглед уште од почетокот и поради големата доверба што ја уживаа кај него некои од нас, а особено Орце Попјорданов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)