мошне (прил.) - одреден (прид.)

Тоа подобро од било што друго наведува на размислување за сегашноста, потеклото, смртта, животот или соживотот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во периодот на просветителството, кај Кант или кај Маркс, но исто така и во значе­њето на вреднувањето (на естетското или литературното) критиката претпоставува суд, доброволна одлука или избор меѓу два поими, а на поимите krinein, krisis таа им придодава одреден негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу научив од текстот Што е литература? и од оние од списанието Situ- ations преку кои ги запознав делата на луѓето на кои и денес им се восхитувам (Понж, Бланшо, Батај), но во почетокот на шеесетите тоа веќе не ме задоволуваше. 4Како тогаш треба да гласи прашањето? 4Сметам дека прашањето на Сартр е нужно но недоволно, едновремено е и премногу социо-историско и метафизичко, и гравитира вон посебноста на литератур­ната структура која Сартр не ја потпрашува, или пак ја пред-толкува тргнувајќи од мошне одредени книжевни примери (исто така со непознавање на значајни книжевни фигури на овој век - било да не ги ни споменува - Џојс, Арто - било за нив да зборува, би рекол, премногу сведено - Маларме, Жене - и притоа ништо не кажува за тројцата писатели погоре споменати).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се наре­кува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)