мошне (прил.) - блиску (прил.)

- Мамо, ваква била тетка Оце кога била мала, и ти си морала, исто како јас сега Дена, постојано да ја занимаваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидејќи стариот канал бил мошне блиску до бакалницата, гемиџиите решиле да се поврзат со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе се провлечеше низ темните, веќе непостоечки улици, и ќе зазвучеше наеднаш мошне блиску, небаре зад првиот ред куќи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакав да ја поправам, да научи правилно да ги изговара, но се откажав, со олеснување забележувајќи дека сме мошне блиску до Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)