набрзо (прил.) - ќе (чест.)

Биолошкиот часовник на оваа група полека изминува па може да се каже дека оваа категорија набрзо ќе ја снема.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако сега е скриена во кожурец, таа полека се преобразува и набрзо ќе полета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна тоа неверување се претвори во тип на маничен заборав, па секогаш кога ќе се соочев со фактот дека тој не е меѓу нас бев изненаден, како таа информација да има само формална вредност, а никако суштинска... како таа општа констатација да е некаков трач кој набрзо ќе биде демантиран... лично од професорот Гуте кој ќе се појави однекаде и ќе ни раскаже како е таму, од онаа страна на цртата...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој е лекомислен во говорењето набрзо ќе биде фатен и совладан”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слично како и во случајот со неисплатените седум плати, тие ја уверува дека тоа набрзо ќе се случи, односно дека во најбрз можен рок таа ќе ги добие и заостанатите плати и неисплатените испратнини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во октомври 2005 Костадиновска, заедно со други вработени, е прогласена за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така фирмата добива и помалку работа во РЕК „Битола“, кадешто претходно е редовно ангажирана во извршување на разни градежно-занает­ чиски услуги.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во 273 почетокот на 2005-та обемот на работа беше значително намален, а следствено на тоа и остварениот профит.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, не само што не се врати на старо, туку стануваше сѐ бетер и бетер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се надевам дека набрзо ќе заборави и повторно ќе стане онаа истата, мајка – другарка, како што многу сака да се нарекува себеси, а не вистинска мајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фантазмот на двојникот кој со помош на развиената технологија на виртуелната стварност ќе се оствари во иднина, дополнително потврдува дека телото набрзо ќе делува и во некоја друга реалност, дека најпосле ќе се одомаќи во една информатичка материја којашто со себе носи поинакви физикални законитости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден ваков неочекуван настап на Непознатиот зарем нема веднаш да те олади?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Набрзо ќе узнаеш! Сè во свое време!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Незнам зошто но оваа моја умешност јас ја почитувам: се чувствувам вистински кум кога некоја досетка што ќе ја изречев набрзо ќе се здобиеше со одредено значење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во Албанија најбрзо ќе се разбереш на грчки јазик, ако не го знаеш албанскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јас врескам на сиот глас, им укажувам на опасноста што демне и на пропаста што набрзо ќе следи, но тие се држат за стомак и паѓаат од столчињата смеејќи се.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)