навистина (прил.) - има (гл.)

Жените што изведуваат порно ги буткаат работите во позитивна насока...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Жените навистина имаат да понудат нешто посебно за да му помогнат на нашето општество сексуално да порасне.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Навистина има едни сребреникави лица, конци, овде-онде, но кој може преку конец да мине!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На еден голем камен при влезот, полуваросан, навистина имаше мал запис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа што го разбрав беше дека луѓево навистина имале причина за тревога.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А навистина имаат голем проблем. Остануваат без вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И не би било следење на правило, кое го исклучува акциденталното, непредвидено, „на слепо”, или варијабилно усогласување, туку треба да се состои во определено почитување на она за што правилото вели дека е конститутивно за придржувањето кон него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гронинг: Мислам дека јас навистина имав среќа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стрипот со неа за прв пат се доближи до книжевноста и мислам дека е на пат нешто навистина 126 Margina #22 [1995] | okno.mk ново.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И многу се нервира што некои сенки навистина имаат гладни усти и бездушно мљацкаат, само мљацкаат и не ги оставаат полжавите да ссвртат уште едно кругче на нивниот пат до малку сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Стравински од искуство знае дека ладовините се близначки со сенките.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Направени се дури и експертизи во австриските закони, од кои јасно се гледа дека граѓаните навистина имаат право на преобликување на фасадите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Според нив, истакнал капетанот Мекдоналд “’слободното гласање’ би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани“.356 Според неговите опсервации “ист е и случајот и со Албанија“ и дека “трите партизански движења...албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу јаки заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и активно и спремно соработуваат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Македонските партизани во ова време имаат висок морал и за прв пат навистина имаа офанзивен дух“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Навистина имаше неколку феномени кои во историска смисла би биле почеток на андерграундот во Скопје скоро цела една деценија пред фамозниот чајџилнички период, но во градот кој сѐ уште беше центриран околу сопственото корзо овој обид немаше многу шанси да преживее.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И продолжува, а ние навистина имаме причини да се згрозиме над таквата потврда на Кирхер: “Она тајното поседува одредени божествени особини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Застанат на малиот чардак од плевната, со поглед вперен во раздвиженото, развиорено белило што го создаваа снегулките, Бојан навистина имаше пред себе ретко убава, просто нестварна слика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рече дека не се шегувал и дека навистина има намера, откако ќе измине тој ден, да му се предаде на Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
После и самиот се нацртав како го јавам нојот, за да имам и јас спомен...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Овој Карамба-Барамба не е нацртан на бел ѕид и навистина имаше сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тоа дете навистина имаше долги раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби навистина има нешто што би било машки геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, сосема ќе бидат во право ако приговараат на губењето на тоа нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но има многу луѓе, а некои од нив се жени, кои не го делат тоа мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овде навистина има и такви кои се посериозни случаи, било да се нечисти, било да се опасни. Тие се во еден друг двор…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто не би напишале? Оти навистина има денови во кои луѓето можат да поднесат се, но не и искрените забелешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да знаев дека таквите нешта многу лесно поминуваат, всушност, имаат висока цена кај режисерите, актерите, директорите на театрите, кај некои театарски едукатори, доктори на наука, составувачи на антологии многу одамна ќе замолчев како драматург, како човек што пишува, всушност, ќе сфатев дека кај нас во македонската драматургија и театар, навистина има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа што оргазмот навистина има голем органски потенцијал, не значи дека нема и функционална вредност за психичката сексуалност и за психичкото функционирање, без оглед на неговата функционална вредност во економијата на соматското тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина има многу лица, многу правци, многу ситни тунелчиња, низ кои продира тој мал сноп светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Брзав по надолнината да влезам во градот и да ја најдам куќата што воздивнува и, доколку навистина има таква куќа, да ја замолам да ми ги каже своите пророштва.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Штотуку се симнав од ридот, од негде, од нигде или од ведро небо, се спушти на невидлива нишка син пајак со златна глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еден заеднички одговор на ова е да се каже дека колку и да се комплексни системите програмирани во машината, тие сѐ уште може да се само симулација на нешто реално. Searle повлекува јасна дистинкција помеѓу „јака” AI - идејата дека програмираниот компјутер навистина има когниција - и „слаба” AI, а тоа е тезата дека тој може да симулира когниција, дури и доследно да ја симулира.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На мое големо жалење, успеав да разберам дека светот навистина имал око.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И тука навистина имаше ѕид. Одеше угоре кон небото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И навистина имаше назнаки дека зло се пишува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во подобро осветлената дневна соба тој забележа со изненадување дека во брчките на нејзиното лице навистина има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Навистина имаше многу книги. Беа расфрлани на сите страни. Покриени со прашина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Спрема ова што пишуваше во писмото и од она што го разбра од разговорот меѓу татко му и Марша, тој навистина има уште една мајка, во друга држава...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој, убиецот, навистина имал добар вкус.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
XIX Татко, Лозински и Горски, беа слеани со Езерото, со неговата историја. А, ова Езеро, навистина имаше историја, голема историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Господи, срамно е тоа и да се помисли но мојата Катерина како да посакуваше одвреме-навреме да види како јас ѝ подавам некои големи незаменливи права на златен послужавник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, дали навистина ме чека? Дали навистина има ракета?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Оној кој доаѓа од Гурок има адресар во левиот џеб (навистина имаше), во кој, ако сега го извади, отвори и погледне во него (тој го стори тоа) ќе погледне во извесен телефонски број (тоа беше бројот во кој тој гледаше).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Првата хируршка операција на којашто присуствував, во Глазговската кралска болница, беше многу атипична за болничката хирургија во тоа доба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сиромашните уметници кога немаат друг начин да им се додворат на потребите на животот, пројавуваат некоја чудна спремност да им се обратат на моќните и на богатите: во нив ја побаруваат потпората што секиневието не е спремно да им ја пружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за тој ден навистина имаше објаснување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: „Јас навистина имам потешкотии, а никој не сака да го сфати тоа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не ми се допаѓа тој ваш Иван Степанович па ако сакаш фали го секогаш кога ќе дојдеш кај нас“, му се свртив и на Анатолиј, иако Анатолиј навистина имаше право да молчи и да ѝ ги крие нозете на змијата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јенков навистина имал божја дарба, тврдеше татко ти, но за жал ја поарчил правејќи ги оние минијатурни портрети на Кралот и на Кралицата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во Перт навистина има еден Преспанец кому, ете, му се може сека вечер роднокрајно му крекаат жабите, а тој да слуша и да се насладува, да си потпевнува за душа и ако се може некако да не му се тресат рацете додека мери колку милиони педи требаат за распостилање на копнежот по едно обично крајезерско детство.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секако, по ова не можев а да не ја избегнам чоколадната торта која тетка ми Марија ја направила за мене со јајца од кокошките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Останатото време во тоалетот го минав обидувајќи се да слушнам дали навистина има некој пред вратата или пак само ми се причинува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во искрена доверба, и покрај позицијата во која се наоѓаше, за разлика од „оперативецот” Х.Х., другите анонимни водичи, тој навистина имаше поголема власт и тоа го покажуваше во односите со луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И одеднаш ја повлекува раката, самото движење како да беше зборови кои кажуваа дека навистина има нешто невидливо веќе меѓу нив што зема половина од нивната блискост.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
аа такви има како нема Игејци коуку сакаш ки и најдете у ступанствуту ејми ги извадија тиа бишијнта и на нејнто место ги кладеа них има уд секаква семка не зн′м шо нема ки и најте как не ки и најте ама не ги наоѓаат кочините за бишијнта се там ама Игејци нема и бишијна нема и додека момата го пее писмото тие ја наоѓаат Демир Капија велат поуна су Игејци и навистина там ги има ногу тоуку ногу шо тукашни ни да мирисниш ама кучинте навистина имаат друга ава не е онаа шо е надруф таа уд надруф у носут дупка ти праве тоуку силна може уд збуботента вода на Вардарут која турка две планини близначки с′те уд камин шо са крева дур до небту и пу адна цапутинка џурка уд другта срана и врве надолу ду Гивгилија и у Гивгилија Игејци поуну Власи најногу ејми Ума уд ва срана а селто на Димустен уд другта срана, како да го слуша Пелагија неизговорениот шепот на Танаско.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На Пелагија ѝ е мило од она што кажува Перса, особено она дека откако излегле од црквата па сè до дома таа како да не била при себе, навистина има право мајка Перса, јас немав разговор со Богородица, туку таа имаше со мене! си велеше во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Осетив дека навистина има промени во карактерот или однесувањето на Змејко и тоа на многу подобро.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)