навистина (прил.) - нема (гл.)

Ова, пак, прави тоа да е сосем неусогласено, барем според цивилизациските стандарди, со општествено-економските проблеми во кои тонат сè поголемиот број работници и урбани [лумпен]пролетери – кои, притоа, навистина немаат никаков друг егзистенцијален извор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Всушност, навистина нема ништо ново во колизијата на интереси меѓу помоќната и послабата страна –  во случајов работодавачот (conductor) и работникот (locator).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не брзаа, навистина немаше каде да брзаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во филмот Mario banana (1964) пак, кој исто така му припаѓа на тој ран период, Марио Монтез, впечатливо нашминкан, сензуално јаде банана алудирајќи на фелацио; ова е уште една верзија на Eat, со додавање на сексуална конотација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи, доколку од Ласиќевата хипотеза ја симнеме аурата на научна методологија која што пројоцирањето на сопствената личност во истражуваната уште и може да го има, но од што овде навистина немаме никаква корист, ќе ни остане простата Ласиќева апологија на дадената ни хрватска стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јован се затресе во ќошот од одајата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во вас навистина немало вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зашто, време за чекање, навистина немаше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што се однесува до случајот со момчето што го фати обезбедувањето во мојот двор, навистина нема што да се објаснува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од сите изнесени тврдења во распитот вистинито е само она, дека ја познавав мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам и на престојот во куќата под Сина Скала што се спомнува во истрагата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако, додека траеја работите, постојано боштеа дека нив не им е потребна чешма, зашто тие немаат добиток што да пие од неа, туку добитокот е спахиски, но после, кога ја подигнаа, со три тулејќи и со корито на кое одеднаш да можат да се напојат и педесет грла, не можеа да им се изнаблагодарат на Дамческите - тие, христијаните навистина немаа свој добиток што да пие од неа, но таа, чешмата, беше нивно дело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми светна една идеја, дека можеби понекогаш навистина нема потреба да се мачам толку многу да размислувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таму навистина нема ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зајде од смеа. Збогум, Пупи Паф, збогум и војувај.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нулата навистина нема никаква вредност. Таа е само шуплив круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина немам увид во вашиот случај” се обидов да го избегнам директниот одговор.“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во разговорите во кои имам случајно учествувано последиците од некои ваши постапки се третираат како недоразбирања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Не, навистина немам! Иако самата идеја за душата престорена пеперуга ми се чини многу смела таа е и прилично привлечна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бошко знаеше дека луѓето навистина немаат и неколку пати го помоли Лумана за почекување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А приказна навистина немаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина нема што да му се одземе на тој случај, освен човечноста, си помислив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На Пабло Неруда тагата навистина нема рок на траење: под белата муренка на црниот остров им ги пребројуваме брчките на морските далги и го одгатнуваме молчењето на ѕвездите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Татко, зарем навистина нема да останеш?“ молбено запраша снаата Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нема врска - рече комесарот. - Да, навистина нема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Простете, - изусти со треперлив глас старичката, - немаше да дојдам, но навистина немам пари...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој во куќа не влегуваше и никому не додеваше ако навистина немаше зошто.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Утредента навистина немаа среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој период бев многу осамена, навистина немаше со кого да се дружам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Банката во Солун не би била разурната, “акцијата-пишува Шатев - навистина немаше целосно да биде успешна, но сепак, во случај на откривање, барем ќе свршеше со нешто, а не со ништо“72.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сонував страшни соништа и еден многу убав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За четворицата навистина нема место во спалната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)