навистина (прил.) - сфати (гл.)

Навистина сфатив дека подобро е да ги прифаќам луѓето онака, само површно, без предрасуди и без анализи, отколку да знам дека со сигурност нема да ми се допаднат откако темелно ќе ги проанализирам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но зошто се смееше Ѓурчин, навистина не сфатив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Навистина сфатив! - му реков пред да истрчам - Ја разбрав пораката команданте.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа мислев на дрвцето покрај шадрванот кое и вистински е со одрана кожа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше причината да се смеам додека излегував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)