И навистина во анчето на сина му Трајко седи дедот Петко, си го чури лулето и шеретува со неколку старци. Зашто ќе зборуваат Мариовци, ако не за жени?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таму беа скриени во густата гора и аскерот не ги знаеше каде се.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Да се ликвидира по пат на терор?“ — паѓаа предлози.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите се замислија. Навистина во тешка положба се најдуваа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина во самата вечерна мугра, кога се враќаа од работа селаните, со една група работници влегоа в село и тројца Мариовци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нешто го изненадува. Зар може навистина во една ваква ситуација да се таи шанса што само вешто проблемско конструирање би ја создало? Или го лажат очите?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сребрениот Џорџ беше навистина во свој елемент, и нозете ми се многу тенки и имам тенки зглобови и помалку изгледам како птичка... да, да, птичка... и помалку сум крут кога одам, како бабичка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имам ниски рамења и обемот на градите приближно ми е еднаков на обемот на струкот...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ако тоа и се случеше, изгледаше дека е тоа навистина во 5 до 12 или далеку подоцна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А темата беше – каков пат избираме за себе и дали навистина во својот живот стигнуваме некаде подалеку од онаа точка од која сме тргнале.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Речено е, навистина во почетокот, дека членовите на субверзивниот комитет од Софија одлучиле да извршат серија атентати во градот Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И навистина во во „Свобода или смрт“, што го уредувал Јаворов, на 7 април 1903 година била објавена статија за настанот при Ангиста, во која стоело: „Ангиста е почетокот на судбоносниот за Турција крај во нашите борби.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се раѓа ли навистина во човечко месо змија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Севезден ги брчи имињата на апостолите. Го слушам и мислам дека паѓам во бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сигурно некој им дојавил. Подоцна, излезе дека навистина во Службата за студентски прашања на Универзитетот на Мичиген роварел крт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе се врати, се напрегнува, зошто би го држеле и натаму кога соработува, а признанијата не го теретат ама баш за ништо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако навистина во вашите книги ги раскажувате вашиот живот на детството и младоста, бездруго тоа треба да претставува и голема среќа што сега ја претставувате вашата земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како беше да беше, ги пренесоа преку море и тие се најдоа на азискиот брег на Босфорот. – Е, сега сме веќе навистина во вит-виделија, преку сино море – и почнаа жените да се жалат. – Враќање оттука – здравје да имаме! – изусти Сирма и умот отиде во петгодишното синче Ангелета што и го остави на бабата Велика.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го гледав со љубопитство и со болка но не забележав дека ужива во резултатите на своето дело.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Па нели сме другари од минатата година“ - а во себе се прекори - „Лажга си, Нинче, навистина во орбитата ти влегува новиот...“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако уметноста - според Ваисхедел - ја има смислата на откривање на метафизичкото, овие егзистенцијални одредувања покажуваат дека класиката и маниризмот навистина во една „двократна“ смисла ја прават видлива реалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Криење“ на „чистини“ (...) Кога преовладуваат чистотата и нескриеноста настанува, по наше мислење, класиката. Кога преовладува скриеноста настанува маниризмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)