Навреме пресмета и навреме беше в заседа: кога врз меката светлина на театарската испразнетост легна сонлива тага, тој беше в сенка и самиот сенка, темна и непривлечна закрпа на ноќта, па се насмевна кога се сети на смоларите и нивните копнежи по врело месо...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Земјата, од двете страни на патот, ја дочека со домородно пријателство - рамните полиња што се протегаа пред неа, кои само одвреме навреме беа испрекинати од редици брестови или од ендеци, покрај насипите каде што раснеа цели меѓи евла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Матичарот навреме беше известен за промената на местото на венчавката. Сѐ друго остана исто.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)