Само, одвреме–навреме ќе минеше црвената пожарникарска кола.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој, одвреме навреме ќе подзастанеше, ќе погледнеше наоколу по пченките и пак ќе продолжеше.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Крај патот, под една разгранета врба, седеа тројца селани, разговараа и пушеа тутун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ништо не се види - толку е темно! Одвреме навреме ќе шумне во двор полека крушата, косната од нечуен ветер.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одвреме навреме ќе се накашла со стисната уста и ќе чкрапне со кибритот за да го погледне часовникот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Откога разбра за народната кујна, Санде одвреме навреме ќе го јавнеше стариот велосипед и ќе скокнеше дотаму, да му донесе барем на синот нешто чорбесто.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Одвреме навреме ќе свратеа и до родното Трпејца со новото опелче кое го возеше Ратка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нема кој да му даде име. И Ацо, и Жарко, и Санде, и Гашо - сите ручаат. Антихристи!... до година...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само одвреме навреме ќе се огласи по некој воз. Безимен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ти вети му дека навреме ќе му ја почнеш работата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
За жал, кога е во прашање нашиот Иван, некој одредил веднаш да биде казнет - реков по мала пауза. - Веројатно со причина - додаде Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но, да повторам, ова го сфаќаме прилично доцна. Откако ќе згрешиме“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одвреме навреме ќе дотрчаше некој окрвавен со пискотници и раскажуваше за тоа дека имало живи луѓе затрупани во многу згради.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Стоеја потпрени и безмолвни. Само во навирените очи, одвреме навреме ќе им запливаше некоја риба мрена, или некое пламенче ќе им заиграше и ќе се стопеше во гурелавите ќошиња на очите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одвреме навреме ќе ги надлеташе понекој хеликоптер.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
После нив триумфално ќе припукаа пушки, а одвреме навреме ќе се слушнеше и по некој рафал од пушкомитралез.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Можеби одвреме – навреме ќе каже некој збор против Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Можам ли да му погледнам во устата? – Се разбира, – рече Мурад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сепак, се надевав дека навреме ќе научам да јавам, онака како што јаваше братучед ми Мурад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе имате тројца или четворица луѓе за врска, кои одвреме навреме ќе бидат обновувани, онака како што ќе изчезнуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одвреме навреме ќе се провикнеше Да не се загубиме! а Богородица се огласуваше Тука сме , Чичи, дирта ти а стпкаме!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Токмо навреме ќе дојде, токо пари да не барате! — пак повтори Крчо и си излезе откај што влезе, испратен од Нешка, фатена рака за рака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одвреме навреме ќе рикнеше по некоја бомба.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И секогаш, кога ќе втасаше до мене подзастануваше, ќе ми го свртеше големиот испакнат задник и ќе побараше да ѝ го стегнам скутникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа одвреме навреме ќе слезеше и пак ќе се качеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Подоцна, токму оваа случка беше убав повод за шеги што одвреме навреме ќе заскитаа во разговорите на татко ми и на Лев Петрович.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зошто да не помисли дека е во прашање обично недоразбирање што навреме ќе биде отстрането?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Таа молчеше. Само одвреме навреме ќе ми нашепне, како од сон, Е, овојпат ќе биде по моето, мој Кубре.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и смешни причини измислував за да го повикам во собата, божем нешто да ми помогне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тешко му на оној кој ќе им излезе на патот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како по некое непишано правило, времето и злата судбина одвреме навреме ќе се сретнат на некое однапред бележано место.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)