навремено (прил.) - поднесе (гл.)

За кривичните дела за кои се гони по предлог или по приватна тужба, предлогот или тужбата се поднесуваат во рок од три месеци од денот кога лицето овластено за поднесување на предлогот или приватна тужба узнало за кривичното дело и за сторителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Навремено поднесената приватна тужба ќе се смета како навремено поднесен предлог на оштетениот, ако во текот на постапката се утврди дека се работи за кривично дело за кое се гони по предлог (чл. 58, ст.1, 3-5 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Предлог за гонење се поднесува до надлежниот јавен обвинител, а приватна тужба до надлежниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)