наоколу (прил.) - во (предл.)

Живееле во големи велелепни куќи со по триесет слуги, се возеле наоколу во автомобили и во запреги со четири коњи, пиеле шампањско, носеле цилиндри...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До куќата го испратија три страшни свирења од кои наоколу во секое катче на земјата оживееја сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Истиот копнеж го имаат малите прсти од моите стапала кога ги шетам наоколу во тесни чевли со високи потпетици.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Реков веќе дека редовно одев таму, вртев наоколу во местото, се вѕирав лево и десно, но немав храброст да погледнам на дното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ах, тие миризливи јасмини, наоколу во паркот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се поткрена во постелата, ѕверејќи наоколу во мракот додека не ја препозна собата и конечно не свари дека веќе не сонува, дека е буден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зборуваа за зулумите што беа почести по селата, и за тоа што се слушаше: дека наоколу во шамакот се кријат ајдуци и дека треба само мал фитил за да се чуе нивниот глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најлошо беше тоа, што ја немаше водата, да заплисне и да го проголтне сето во него и сето наоколу во својот сребреникав пороен шум; најлошо беше што сето наоколу беше сковано во оној мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе си ги стави рацете одзади, можеби тоа беа часови на размислување, ќе ја фрли главата колку може повисоко (ретко некогаш се веднеше кон земјата), - и туку кружи наоколу во дворот како орел што слетал ниско, над земја демнејќи го својот плен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тетин ми, кој како сѐ уште да се бореше со изминатата попладневна дремка, жмиркаше со малите црни очиња и се обидуваше да ме слуша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во меѓувреме, погледнав низ стаклото во рерната и видов дека таму нема ништо; немаше ништо ни наоколу во кујната, па се чудев што ќе јадеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
ХАОС ИНЖЕНЕРСТВО
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И потоа, Слава им на досадните, не дозволувај ги тероризирачките идеи на индивидуалците што се мотаат наоколу во овој бесмислен несреден универзум, обидувајќи се самите да создадат некакво индивидуално сопство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)