напред (прил.) - бев (гл.)

Пред нас бришан простор, напред беа другарите, а одзади само еден партизан, слушнав мината како зашушка и знаев дека ќе падне близу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Најсилното оружје на неговиот бележан пријател напред беше тој огромен, недоодлив простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Напред беше сцената каде што се редеа почесни гости, професори, студенти… Држеа предавања и говори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Татко беше свесен дека немаше назад, но и напред беше неизвесно! Требаше бездруго да ја минат линијата на замислениот јазичен рубикон...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Напред беше отворен во форма на срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)