насекаде (прил.) - и (сврз.)

Експлоатацијата на таа слобода се прогонува насекаде и треба да биде прогонувана и кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Насекаде и во сè го гледав призракот на измамата. - Не сакам повеќе да играш во театарот, - ѝ реков еден ден.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да не зборувам за депониите. Напукнат асфалт насекаде и калдрми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако нема господ, зошто го бараат насекаде и зошто го бркаат од секој човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Убавото поздравување е начин да бидеме поблиски едни со други, подобри, почовечни, па затоа, добри мои читатели, сѐ да сториме та насекаде и секогаш да се слуша: ДОБРИ ЛУЃЕ - ДОБРО УТРО, ДОБАР ДЕН, ДОБРОВЕЧЕР!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нели, секој Русин, насекаде и секогаш повторува: „О колку е голема нашата мајчичка Русија! Никој ја нема пројавано открај накрај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во неа богами човек полесно ќе се загуби одошто да се пронајде“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
2. Завист, Сатурне Се впикуваш во сѐ, насекаде и во живо, и во мртво јадливо, отровно на сон ми доаѓаш каде не, кога не и покрај сѐ – молам да те видам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѓувезија Дубровска и Сија Хаџибанова беа зашеметени. Гледаа насекаде и не знаеја што да одберат понапред за гледање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По тие зборови девојките почнаа да се тресат. Ги зафати некој необјаснив студ што излегуваше низ отворената врата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш ги затворија вратите и повторно се зачу гигантскиот звук на дождот што лееше, во тони и лавини, насекаде и засекогаш.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Оти господ е насекаде и господ е секогаш, вели, гледа тој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)