„Немам право?“ му се насмеа на келнерот, а не беше сигурен зошто токму нему му го упатува ова прашање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татко благо се насмеа на забелешката на Камилски и кимнувајќи со глава во знак на согласност, се надоврза: И бакшишот, со непожелните деривации, и митото, и корупцијата, отсекогаш го следеле и ќе го следат човештвото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Татко само се насмеа на зборовите на Камилски, испи половина од коњакот во чашката и му се обрати на Камилски: И ни треба побрза крв во дамарите. Годините брзо минат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)