Со таквата нагласка, тврди, ќе може да се избегне предизвикувањето на оној вид недоразбирања и напнатости кои доведоа до политички судири меѓу разните групи погодени од ХИВ/сида во САД на почетокот од 1990-тите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Ова мелодраматично бодрење не искажува толку визија за солидарност меѓу геј-мажите и нивните лезбејски и феминистички сојузнички колку што упатува на облик на камп-солидарност меѓу самите геј-мажи, облик на солидарност што може да ги признае – и да ги мобилизира политичките енергии на – женствените идентификации на геј-мажите, вклучително и на женствените идентификации на филмските кралици и обожавателите на Џуди Гарланд, каков што бил Вито Русо.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го дрпнал од филм – поточно, од филмската верзија на еден бродвејски мјузикл за Американската револуција, 1776.324
Даглас Кримп, кој го раскажува настанов и ја дава подлогата што ја резимирав, тоа го прави додека страсно и силно се залага за темелење на напредната политика не врз идентитетот, туку врз идентификацијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Моделот на Кримп за идентификациска, коалициски заснована настрана политика – политика што може да ги премости раседите меѓу родот, расата, сталежот, сексуалноста и другите општествени разлики – е резимиран во самиот наслов на неговиот оглед: „Toa, женска!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)